Навивач на Шкендија со расистички навреди расплакал фудбалер на ТНС!

Од ТНС се пожалија дека нивниот напаѓач Арамајд Оте бил расистички навредуван по нивниот пораз од квалификациското коло од Лигата на шампионите на мечот кој во вторникот се одигра во Скопје.

Тренерот на ТНС, Крег Харисон изјави дека фудбалерот Оте бил расплакан по инцидентот во кој бил инволвиран навивач на Шкендија.

„ТНС силно и недвосмислено го осудува расистичкото навредување упатено кон Арамајд Оте од страна на член на домашната публика по завршувањето на натпреварот од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите на УЕФА против КФ Шкендија. Апсолутно нема место за расизам - ниту во фудбалот ниту во општеството. Сите во клубот му нудат целосна поддршка на Оте и цврсто стојат покрај него. Њу Сејнтс се горди што ја поддржуваат кампањата #NoToRacism на УЕФА и остануваат посветени на промовирање на еднаквост, почит и инклузија и на теренот и надвор од него“, се вели во соопштението на велшкиот шампион.

Играчот роден во Лондон бил видливо вознемирен по натпреварот со Шкендија.

„Тој е во солзи - тоа не се случува без причина. Јасно е дека тоа е кажано и направено. Очигледно е дека тоа е неприфатливо. Ќе го пријавиме тоа. За еден навивач да навредува некого на тој начин е апсолутен срам и да се надеваме дека виновникот ќе добие фер казна и ќе биде справен со тоа“, рече тренерот Харисон.

Фото: Fb/The New Saints of Oswestry Town FC