Вардар в четврток од 21 часот ќе се соочи против Ла Фиорита во реваншот од првото коло од Конференциската лига, а македонскиот прволигаш веќе има предност од 3-0.

„Црвено-црните“ вечерва одржаа тренинг во одлична атмосфера и се подготвуваа пред утрешниот натпревар против тимот од Сан Марино.