„Модриќ во Италија може да игра и со цигара во устата“

Трансферот на Лука Модриќ во Милан и понатаму е тема на италијанските медиуми, а сега за хрватскиот ветеран збруваше и легендарниот напаѓач, Кристијан Виери кој не штедеше пофалби за поранешениот фудблер на Реал Мадрид.

Во разговор за „Кориере дела Сера“, Виери без дилеми истакна дека, Милан направил одличен потег со неговиот ангажман.

„Беше тоа единствена прилика. Дефинитивно и јас да сум на местото на луѓето во Милан би потпишал договор со него на една година“, изјави Виери.

Виери кој со 23 гола во 49 натпревари е деветти најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Италија смета дека искуството на и класата на Модриќ се огромна добивка за секој тим, посебно во Серија А.

„Фудбалер како Модриќ во Италија може да игра 40 натпревари со цигара во устата“, истакна поранешниот голгетер.

Иако во септември Модриќ ќе напол 40 години, Виери е убеден дека тоа не ја намалува неговата вредност.

„Класата нема рок на траење. Во Италија каде што често тактиката е пред физичката сила, Модриќ и тоа како ќе дојде до израз“, порача Италијанецот.

Во кариерата Виери беше дел од Јувентус, Лацио, Атлетико Мадрид и Милан, а во Серија А вкупно постигна 142 гола.