Трагедија во Норвешка: Освојувач на олимписки медали загина по удар од гром

Трагедија го погоди норвешкиот спорт откако прославениот скијач и освојувач на олимписки медали, Аудун Гронвoлд го загуби животот на 49-годишна возраст по удар од гром.

Норвешката скијачка федерација го потврди трагичниот настан истакнувајќи дека несреќата се случила додека Гронволд престојувал во викендица со своето семејство. По несреќата бил веднаш префрлен во болница, но и покрај напорите на докторите тој починал во вторникот вечерта.

Гронволд беше едно од најпознатите имиња на норвешкото скијање и кариерата ја започна во алпски дисциплини, а посебно се истакна во 1999 година кога освои подиум во спуст на Светскиот куп во Шпанија.

По завршувањето од кариерата Гронволд не го напушти спортот и работеше како тренер на ски крос репрезентацијата н Норвешка, но често пати се појавуваше и како стручен коментатор скијачките преноси во Норвешка.