
Италијанците се „тепаат“ за Џака, на крај тој ќе заврши во Премиер лигата!?
Најпрво Милан покажа интерес за Џака, а потоа во трката се приклучија Јувентус и Интер. Најверојатно сите три италијански клуба ќе останат со празни раце бидејќи во моментов Сандерленд е најблиску до неговиот потпис.
За Џака ова би било враќање во Англија бидејќи тој добар дел од кариерата помина во Арсенал каде ја имаше и најголемата промоција.
Покрај Џака, Сандерленд сака да го ангажира и Френк Замбо Ангиса од Наполи, но шансите за такво нешто се помали бидејќи играчот е во преговори со италијанскиот шампион за нов договор.