
Напаѓачот што изненади со трансфер во Саудиска Арабија се враќа во Европа
Напаѓачот беше на мета на повеќе европски клубови, но на крајот се одлучи за трансфер во Саудиска Арабија каде што на 13 натпревари постигна осум голови. Сепак, по само шест месеци би можел да се врати во европскиот фудбал.
Според последните информации Дуран постигнал договор со екипата на Фенербахче. Детали засега околу висината на отштета не се откриваат, меѓутоа е јасно дека турскиот гигант ќе мора да плати прилично висока сума со оглед на тоа што пред шест месеци во зимскиот преоден рок, Ал Наср за Колумбиецот издвои 70 милиони евра.
Кога се личните услови на фудбалерот во прашање, Дуран наводно постигнааал договор за плата од десет милиони евра по сезона и од него ќе се очекува да биде вистински лидер во соблекувалната.