Интер Мајами со важна објава за иднината на Меси (ФОТО)

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси има договор со Интер Мајами до крајот на 2025 година, но МЛС-тимот планира да ја продолжат соработката.

Новинарот Фабрицио Романо објави какви намери има Интер Мајами со еден од најдобрите фудбалери во историјата.

„Меси има договор до крајот на 2025 година и сакаме да ја продолжиме соработката. Преземени се потребните чекори“, соопштија од клубот.

Аргентинецот и неговиот агент, исто така, се расположени за потпишување на нов договор со тимот од МЛС-лигата.

Фото: Facebook/Inter Miami CF