Италијанец ќе ја чува мрежата на Струга од следната сезона

Поранешниот македонски шампион Струга Трим Лум потпиша двегодишен договор со талентираниот голман Марко Анџелети.

Анџелети доаѓа во Струга од редовите на гибралтарскиот клуб Европа, откако претходно ги помина младинските категории во академијата на Специја, а играше и за Понтедера.

Италијанскиот чувар на мрежата стави потпис на договор до јуни 2027 година, но има опција да ја продолжи соработката на уште една година.

Струга минатата сезона ја заврши на петтата позиција во македонската Прва лига со 51 освоен бод.

Фото: ФК Струга