Пелистер ги почна подготовките, ќе одигра четири пријателски натпревари

Македонскиот тим Пелистер со денешниот тренинг на стадионот „Петар Милошевски“ ги почна подготовките за новата сезона.

Тренерот Димитар Капинковски на располагање има дел од фудбалерите од минатата сезона кои останаа во Битола, а меѓу нив се Ристевски, Гроздановски, Миленковски, Трајковски, Наумоски и Керим, додека најново засилување е Стефан Спировски.

Екипата ќе тренира во Битола, по што во втората фаза од подготовките ќе одигра неколку пријателски натпревари, односно ќе се соочи против Струга ТЛ, Трајал Крушевац, Егалео и Охрид.

Фото: ФК Пелистер