
Бекам направи операција поради повреда стара 22 години (ФОТО)
Неговите фанови беа загрижени откако забележаа дека Бекам направил операција на десната рака, а поранешниот англиски фудбалер ја реши мистеријата и соопшти зошто морал да оди во болница.
Бекам откри дека го оперирал зглобот на десната рака поради повреда стара 22 години. Тогаш му бил вграден шраф, но во последно време му правел проблеми и решил да го отстрани.