Се враќа човекот кој донесе Скудето: Милан се договорил со новиот тренер!

Според последните информации од Италија, Милан го решил прашањето за нов тренер во наредната сезона и тоа ќе биде Масимилијано Алегри кој со овој клуб го освои Скудетото во 2011 година. 

Информацијата тврдејќи дека договорот е постигнат ја објави италијанскиот новинар и инсајдер на „Калчомеркато“, Даниел Лонго.

Стратегот од Ливорно  наводно ставил потпис на тригодишен договор со „росонерите“ со кој ќе заработува пет милиони евра по сезона. По работата во Милан, Алегри се пресели во Јувентус каде што успеа да освои пет шампионски титули во низа и тоа од 2015 до 2019 година.

Често пати во јавноста беше критикуван поради дефанзивниот стил на игра, меѓутоа за Милан во овој момент најважно е враќање на победничките патеки бидејќи по освојувањето на титулата во 2022 година како да го изгубија правецот.

Во актуелната сезона останаа без настап во европските натпреварувања, а во финалето на Купот на Италија беа поразени од Болоња со 0-1.