Риека ја освои двојната круна, Несторовски поразен во финалето од купот!
Единствениот гол на мечот падна во 60. минута кога Наис Џуахра погоди за водство на Риека од 1-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.
Мечот беше тензичен, во финишот се случи и тепачка меѓу двете екипи, а на теренот беше фрлено и шише кое го погоди играчот Иван Чубелиќ во глава.
Илија Несторовски го одигра целиот натпревар за Славен Белупо, но не успеа да постигне гол.
Пехарот го крена нашиот Јован Манев кој мечот го проследи од клупата за резерви, не влезе во игра.