Црвена звезда лесно го победи Будуќност и се избори за мајсторка

Актуелниот шампион во АБА лигата, Црвена звезда не дозволи ново разочарување, лесно со 100-81 го совлада Будиќност и изедначи на 1-1 во полуфиналната серија.

Црвено-белите беа подобри во текот на целиот меч, ги добија сите четири четвртини и на крајот лесно дојдоа до победата.

Најдобар кај Црвена звезда беше Петрушев со 20 поени, во составот на Будуќност расположен беше Морган кој реализираше 18 поени.

Во третиот решавачки меч кој ќе го даде финалистот домаќин е Будуќност.

Фото: АБА лига