Падна договор: Алегри по 11 години се враќа во Милан!

Поранешниот италијански и европски шампион Милан договори Масимилијано Алегри да се врати во клубот и да биде тренер на екипата од следната сезона.

Алегри го имаше последниот ангажман во Јувентус, каде што работеше до 2024 година, а во минатото го предводеше и Милан во период од 2010 до 2014 година.

Италијанецот, според медиумите, договорил тригодишна соработка со „росонерите“, а засега не се открива неговата плата.

Искусниот италијански стратег во кариерата ги тренираше и СПАЛ, Гросето, Сасуоло и Калјари.