Шампионите од Вардар со емоции му се поклонија на Дибиров: Тимур, брате мој! (ВИДЕО)

Поранешниот ракометар на Вардар, Тимур Дибиров вчера официјално ја заврши кариерата, по што доби еден куп пораки од неговите поранешни колеги од скопскиот гигант.

Шампионите од Вардар со емоции му се поклонија на рускиот велемајстор, кој ќе остане запаметен по успесите кои ги постигна во поранешниот европски првак.

Дибиров ги постигна најголемите успеси со „црвено-црните“, каде што играше во период од 2013 до 2022 година, додека во кариерата го носеше дресот и на Чеховски Медведи и Загреб.

Фото: EPA PHOTO