Ди Марија по 18 години се врати таму од каде што почна - во Росарио Централ! (ВИДЕО)

Аргентинската фудбалска ѕвезда, Анхел Ди Марија потпиша за неговиот клуб од детството, Росарио Централ каде што и ќе ја заврши кариерата.

Ди Марија 13 години беше дел од младинскиот погон на Росарио пред да дебитира за првиот тим на овој аргентински клуб во 2005 година. Две години подоцна замина на печалба во Бенфика, останатото го знаат сите.

Сега по 18 поминати години во Европа, Ди Марија се враќа дома, пак ќе го носи дресот на Росарио, овојпат на крајот од кариерата.