Ѓоковиќ во три сета ја мина и втората пречка на Ролан Гарос!

Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови го совлада домашниот тенисер Корентин Муте, српскиот тениски ас се испоти само во последниот сет.

Новак Ѓоковиќ има одличен старт на грен-слем турнирот во Париз, со максимални три сета ја помина и втората пречка.

Првите два сета Новак ги доби со 6-3 и 6-2, а Французинот покажа заби само во третиот сет кој се играше во тајбрејк. Тајбрејкот му припадна на Новак со убедливи 7-1.

Во текот на третиот сет Ѓоковиќ се мачеше и со болки во стапалото, но по медицинскиот тајмаут ситуацијата му се подобри и не дозволи да загуби сет.

Во следното коло Ѓоковиќ ќе игра со победникот од дуелот меѓу Шаповалов и Мишолиќ.

Фото: EPA