Срамно: Диало по бламажата во Малезија ги „поздрави“ навивачите со среден прст (ВИДЕО)

Maнчестер јунајтед вчера беше поразен во својот прв натпревар во Малезија и тоа од селекцијата фудбалери кои доаѓаато од земји од југоисточна Азија, а поразот од 1-0 како да не беше доволен, па Амад Диало се погрижи дополнително да ги разочар фановите.

Имено, по натпреварот бројни фанови се собраа да ги дочекаат своите херои и покрај разочарувачките резултати во сезоната.

Но, изгледа дека тоа не му се допадна на Диало. Фудбалерот на „црвените ѓаволи“  не само што не застана да им даде малку внимание туку и ги „поздрави“ со среден прст.

Инаку селекцијата од која изгуби Манчестер јунајтед може да се каже дека беше и полуаматерска бидејќи фудбалерите доаѓаа од земји како: Малезија, Камбоџа, Виетнам, Лаос, Мјанмар, Источен Тимор...