Судијата на финалето од ЛШ ќе испише историја во европските купови

За главен судија на вечерашниот финален натпревар од Лигата на шампионите, УЕФА го избра романскиот арбитар Иштван Ковач.

За него, тоа ќе биде историски настап бидејќи ќе стане прв судија во историјата која ги водел финалињата во трите европски купови во организација на УЕФА. Лани тој беше главен на мечот за трофејот од Лига Европа, а пред две години и на финалниот меч од Конференциската лига.

Интересно е тоа што на тие две финалиња славеа италијнски екипи, лани Аталанта против Баер (3-0), а преклани Рома против Феенорд (1-0). И вечерва ќе има тим од Серија А, па ќе видиме дали Ковач ќе му донесе среќа и на Интер.