Дводеценискиот пост ги фрустрираше: Пелистерци веднаш побегнаа во соблекувална!

Екипата на Пелистер не успеа да го прекине 20 годишниот пост во Купот на Македонија, вечерва во финалето од Вардар во Охрид беа поразени со 31-27, а по натпреварот во таборот на битолскиот состав по натпреварот не беа премногу расположенни за разговор со медиумте.

Веднаш по доделувањето на медалите ракометарите на Пелистер побрзаа во соблекувалната поминувајќи покрај новинарите. Својата обврска ја исполни стратегот на „зелено-белите“, Раул Алонсо кој разговараше со новинарите на Македонската радио телевизија.

За Вардар ова беше прв трофеј по освоениот во 2023 година, додека Пелистер последен пат се израдува на трофејот во 2005 година.