Ѓер го одбрани европскиот трон, повторно ја освои ЛШ!

Унгарскиот клуб, Ѓер ја потврди доминацијата во женскиот ракомет откако со 29-27 го совлада Оденсе во финалето на фајнл-фор турнирот во Лигата на шампионите кој се играше во Будимпешта.

Ѓер беше фаворит во овој дуел и одлично го почна мечот, во исклучително ефикасното прво полувреме создаде предност од 20-15.

Унгарските ракометарки во второто полувреме постигнаа само девет гола, но ја одржаваа предноста и не му дозволија на Оденсе ниту да се понадева дека може да направи пресврт. Конечниот резултат беше 29-27.

Најдобра кај Ѓер беше Дале која мечот го заврши со шест голови, а беше прогласена и за МВП. Кај Оденсе, Хојлунд даде пет голови.

Во мечот за третото место, Есбјерг со 30-27 го победи Мец.

ФОТО: Fb/Győri Audi ETO KC