
Раул Алонсо: Нема да биде лесно да се преброди ова, но ќе се фокусираме на првенството
Битолчани немаат многу среќа во ова натпреварување бидејќи веќе 20 години заглавија на пет пехари. Надежта беше дека проклетството ќе заврши со Раул Алонсо, но тоа, сепак, не се случи и ќе мораат да чекаат уште една година.
„Пред се, морам да му честитам на Вардар за извонредното финале. Ние сме разочарани бидејќи сакавме да се претставиме во поинакво издание. Не можам да кажам дека моите ракометари не се бореа, но можеби ја насочивме енергијата на погрешно место. Почнавме лошо, успеавме резултатски да се вратиме, но не бевме во мечот како што посакуваме, а противникот има премногу искусни играчи кои знаат тоа да го искористат тоа. Треба да го пребродиме ова, нема да биде лесно, се чувствуваме лошо и поради навивачите, но сега фокусот ни е на првенството бидејќи ни претстојат уште два тешки натпревари во борбата за титулата“, рече Алонсо по поразот во финалето.