
Стартува најнеизвесната куп-битка: Охрид на свој терен сака да ги изненади фаворитите!
Прво од 17:00 часот ќе истрчаат ракометарите на Вардар и актуелниот бранител на трофејот, Алкалоид, додека за од 19:30 часот е закажано второто полуфинале во кое домаќинот Охрид ќе ги одмери силите со битолски Пелистер.
Последен пат завршниот турнир во Охрид се играше во 2023 година кога трофејот го освои Вардар.
Екипата на Вардар е далеку најтрофејна со 16 освоени титули (1997, 2000, 2001, 2003, 2004, 2007, 2008, 2012, 2014, 2015, 2016, 2017, 2018, 2021, 2022, 2023), а зад нив следи Металург (2006, 2009, 2010, 2011, 2013, 2019), па Пелистер со пет (1995, 1996, 1998, 1999, 2005). По еден трофеј имаат Прилеп (2002), Борец (1994), Куманово (1993) и минатогодишниот освојувач Алкалоид.
Интересно е што екипата на Пелистер е онаа која најмногу пати завршувала како вицешампион, дури 11 пати.
Инаку оваа е една од најнеизвесните завршници во битката за трофејот со оглед на прилично изедначениот квалитет на екипите. Најмали шанси му се даваат на Охрид, но никако не смеат да се потценат домашните ракометари кои ќе имаат огромна поддршка од трибините во „Билјанини Извори“.
Финалето на програмата е в недела од 17:30 часот.