Стоилов: Одлучи подобриот почеток, направивме висока предност и ја задржавме

Легендата на македонскиот ракомет Стојанче Стоилов се израдува на триумф во Купот на Македонија како член на стручниот штаб на Вардар.

„Црвено-црните“ го прегазија Пелистер во финалниот меч, а поранешниот пикер мошне мирно ги пренесе своите видувања на натпреварот.

„Имаме подолга ротација, уште од почетокот поведовме и до крајот ја задржавме предноста. Тоа беше клучен момент на овој натпревар, издржавме потоа и заслужено славевме. Што се однесува до првенството, ни претстои тешко гостување кај Тиквеш, а потоа следува клучниот најважниот меч со Пелистер“, рече Стоилов.