
Готово: Роналдо веќе потпишал!
Според неговите извори, се случил пресврт и Роналдо веќе потпишал нов договор со Ал Наср, со што се става крај и на најавите за негово заминување.. Во последно време се шпекулираше за неколку можности, враќање во Европа, настап на Светското клупско првенство со некој од големите европски клубови, па дури и пензија. Со оглед дека договорот со Ал Наср истекуваше на 30 јуни, Роналдо имаше слобода да премине во друг клуб без обештетување.
Португалската фудбалска икона се пресели во Ал Наср на 1 јануари 2023 година, со најскапиот договор во историјата на спортот вреден 200 милиони евра годишно. Оттогаш, тој одигра 111 натпревари за клубот и постигна дури 99 голови во сите натпреварувања.
Првата сезона во Саудиска Арабија беше период на прилагодување за Роналдо, но и тогаш ја покажа својата класа. Во сезоната 2022/23 постигна 14 голови во 16 натпревари во домашното првенство, меѓу кои и хет-трикови против Ал Вехда и Дамака.
Со новиот договор, Роналдо ја потврдува својата посветеност на проектот во Ал Наср, а навивачите со нетрпение го очекуваат продолжението на неговата неверојатна кариера на Блискиот Исток.
Фото: Al Nassr/X