
Крај на ера: Модриќ го одигра последниот меч за Реал Мадрид – си заминува со солзи во очите!
Хрватскиот капитен и најтрофејниот фудбалер во историјата на клубот влезе во игра во 64. минута, но не успеа да спречи убедлив пораз на својата екипа. Натпреварот го заврши со едно клучно додавање, една украдена топка и 10/11 прецизни пасови. Се очекува 38-годишниот плејмејкер наскоро да потпише договор со Милан, со што ќе започне ново поглавје во својата (пре)богата кариера.
Модриќ по 13 незаборавни сезони на „Сантијаго Бернабеу“ зад себе остава импресивно наследство - 28 трофеи, меѓу кои шест титули од Лигата на шампионите, четири шампионски круни во Ла Лига, два Купа на кралот, пет шпански и пет европски Суперкупа, пет титули од Светското клупско првенство и еден Интерконтинентален куп. Во дресот на Реал Мадрид одигра 597 натпревари, постигна 43 гола и запиша 95 асистенции.
Поради сето ова, разбирливо е што хрватот со солзи во очите го напушти теренот вечерва во Њујорк.
ФОТО: EPA PHOTO