
Киелини стана косопственик на поранешниот клуб
Како фудбалер дефанзивецот 18 години беше дел од Јувентус и во Торино прерасна во вистинска легенда, а за Лос Анџелес играше од 2022 до 2023 година. Во овој клуб беше и тренер на развојниот тим минатата година.
„Приклучувањето на спственичката структура на овој клуб за мене претставува голема чест. Кога пристигнав пред три години како фудбалер, веднаш почувствував нешто посебно во врска со клубот. Тоа е амбициозна организација која ја изградија извонредни луѓе и поддржана од заендица која прави да се чувствувате како дома. Поради тоа изразив желба да станам сопственик и горд сум што можам да се дадам поддршка на еден таков проект во кој длабоко верувам“, стои во соопштението на Киелини.
Во својата 23-годишна кариера Киелини успеа да стане и еден од најдобрите дефазнивци во светот, освојуваше титули со Јувенту, но и стигна до трофејот на Европското првенство со Италија во 2021 година.
Фото: LAFC/X