Синер се расплака по триумфот на Вимблдон: Си го остварив сонот!

Јаник Синер го освои првиот пехар на Вимблдон и стана првиот Италијанец на кој му успеало такво нешто на гренслем-турнирот, откако славеше во финалето против Карлос Алкараз со 3-1 во сетови, односно 4-6, 6-4, 6-4 и 6-4.

Синер се расплака по победата во финалето на Вимблдон и даде емотивна изјава за медиумите, при што се заблагодари за поддршката.

„Денеска тука стигна цело мое семејство. Им благодарам на сите. Емотивен сум затоа што доживеав тежок пораз во Париз. Ова беше мојот сон, но не знаев дека ќе го остварам толку млад“, кажа Синер.

Фото: EPA PHOTO