
Алкараз не ја одбрани титулата, Синер за првпат го освои Вимблдон!
Синер прв успеа да направи брејк и да поведе со 4-2 во првиот сет, меѓутоа Алкараз со два брејка во продолжение го сврте мечот во своја корист (6-4).
Алкараз тргна лошо во вториот сет и го загуби првиот гем, по што не успеа да го загрози Синер кој сервираше одлично и стигна до 6-4.
Италијанецот беше разигран и во третиот сет, каде што ја искористи третата брејк-топка во сетот и успеа да слави со 6-4.
Проблемите за Шпанецот продолжија, а тоа знаеше да го искористи Синер кој со нов брејк поведе со 3-1 во четвртиот сет, по што Алкараз не успеа да се врати во игра и загуби повторно со 4-6.
Фото: EPA PHOTO