Палмер со хируршки прецизен удар му носи водство на Челси (ВИДЕО)

Челси води во финалето на Светското клупско првенство против ПСЖ со 1-0, откако Кол Палмер во 22. минута постигна прекрасен гол.

Мало Густо ја почна акцијата на „сините“ и имаше изблокиран удар, по што се реши да му додаде на Палмер, а тој со хируршки прецизен удар ја затресе мрежата на Џанлуиџи Донарума.

Фото: Facebook/Chelsea FC