
Ивановски со триумф ги почна квалификациите за челинџерот во Сан Марино
Ковалик имаше предност против Ивановски во завршницата со 5-3 поради еден брејк, но македонскиот тенисер се врати и избори тај-брејк каде што славеше со 7-5.
Ивановски во вториот сет повторно беше подобар од тенисерот од Словачка во тај-брејк со 7-4 и се избори за второ квалификациско коло.
Македонецот утре ќе се бори против Франческо Форти за пласман на главниот турнир.