ПСЖ експресно ги прегази „кралевите“ за финале на СКП против Челси (ВИДЕО)

Фудбалерите на ПСЖ ќе играат во финалето на Светското клупско првенство (СКП) во САД, откако вечерва, во Њујорк, неочекувано лесно го прегазија Реал Мадрид (4-0).

Победникот можеше да се претпостави уште по првите десет минути од мечот, во кои актуелниот европски првак двапати ја затресе мрежата на „кралевите“. Фабиан Руиз го постигна првиот погодок во шестата минута, а три минути подоцна прецизен беше Осман Дембеле, кој казни една огромна грешка на противничката одбрана. Руиз уште еднаш го „расплака“ Тибо Куртоа и тоа со својот втор погодок реализиран во 24. минута.

Ваквата доминација на „светците“ продолжи и во второто полувреме, во кое фудбалерите на овој тим имаа неколку шанси за нов погодок. На крајот тоа му успеа на Гонзало Руиш, кој го постави конечниот резултат на три минути пред крајот.

ПСЖ во големото финале на СКП ќе ги одмери силите против Челси во меч кој в недела (13 јули) ќе се одигра на „Мет Лајф“ стадионот во Њујорк. Победникот ќе инкасира награда од најмалку 100 милиони долари.

ФОТО: EPA PHOTO