
Хаџиевски по две децении пак ќе работи во Бугарија - презеде тим од Варна!
Ѓоко Хаџиевски е нов тренер на Спартак Варна, информираат бугарските медиуми.
Тој бил на стадионот на Спартак на пријателскиот меч против Септември. Влегол во соблекувалната и имал десетминутен разговор со фудбалерите и со членовите на управата.
За Хаџиевски ова е трет бугарски предизвик, тој во далечната 1993/94 ја водеше екипата на ЦСКА Софија, а во 2006/07 беше тренер на Вихрен Сандански.
Спартак Варна минатата сезона заврши на шестата позиција во регуларниот дел од најдобрата бугарска лига