
Ѓокереш се огласи: Сонувам за Премиер лигата!
Како што е познато, Ѓокереш ги договори личните услови, но Спортинг не сака да го пушти за сума од 60 милиони евра и десет преку бонуси, бара најмалку 70 фиксни и тоа на Арсенал не му одговара.
Сепак, се очекува нова рунда на преговори кои веројатно ќе потраат уште некое време.
„Размислувам само од тоа да постигнувам голови и да победувам. Тоа за мене менува сè. Премиер лигата? Поминав во Англија неколку години, но немав можност да играм во Премиер лигата ниту еден натпревар. Така секако дека тоа е нешто кое би сакал да го доживеам и сон на секој фудбалер“, призна Ѓокереш.
Зборуваше напаѓачот и за натпреварите против Манчестер сити и Арсенал во Лигата на шампиоите.
„Кога играв против Манчестер сити и Арсенал сфатив колку се квалитетни. Имаат неверојатен стручен штаб, фудбалерите се фантастични. Исто така играв и против Габриел и Салиба, тоа се многу добри дефанзивци. Одлично е кога имате можнот секој викенд да играте против фудбалери од таков калибар, така и вие станувате подобри“, изјави Ѓокереш.