Во вакво издание ретко го гледаме: Пеп лудуваше на концерт во Манчестер (ВИДЕО)

Пеп Гвардиола навикнати сме да го гледаме покрај клупата на Манчестер сити, а сега Шпанецот покажа дека знае и добро се забавува.

Имено, Гвардиола беше еден од присутните на концертот на групата „Оасис“ во Манчестер каде што присуствуваа над 80.000 фанови.

На социјалните мрежи се појавија и снимки од шпанскиот стратег на кои може да се види дека е во одлично расположение. Инаку, членовите на групата, Лиам и Ноел Галагер се големи фанови на гигантот од Манчестер.