Барди промовиран во Коњаспор, ќе ја носи „десетката“! (ФОТО)

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди од денеска и официјално е член на турскиот клуб Коњаспор со кој потпиша двегодишен договор.

Тоа што го најавија турските медиуми се оствари, Барди стана фудбалер на Коњаспор.

„Коњаспор потпиша двегодишен договор со македонскиот репрезентативец Енис Барди“, стои во соопштението на турскиот клуб.

Барди ќе го носи дресот со број 10.