Фенер го промовираше фудбалерот кој му го украде на Милан!

Фенербахче го комплетираше трансферот на Арчи Браун од Гент кој пред да потпише за турскиот клуб беше ептен блиску до Милан.

Браун имаше договорено трансфер во Милан, но пред да отпатува во Милано добил повик од претседателот на Фенербахче, Али Коч кој го убедил да потпише со неговиот клуб.

Трансферот вечерва е комплетиран, 23-годишниот англиски бек стави потпис на договор со Фенер на три години плус уште една дополнителна сезона.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Fenerbahçe (@fenerbahce)