Нов натпревар, нов рекорд: Меси повторно полнеше мрежи – погоди и од слободен удар! (ВИДЕО)

Aргентинецот, Лионел Меси продолжи да блеска во американската МЛС лига откако во изминатата ноќ со два гола го одведе Интер Мајами до триумф против Нешвил од 2-1.

Со овие два гола Меси само го продолжи рекордот кој го постави на последниот натпревар бидејќи никој во МЛС немаше постигнато два гола на четири натпревари во низа, а сега Меси го подобри овој рекорд со петтиот натпревар.

Против Нешвил, Меси прво погоди од слободен удар за 1-0 во првото полувреме за потоа во второто полувреме да стрела за триумф од 2-1. Погодокот од слободен удар за Меси беше 69-ти на таков начин во каиерата и шести откако го носи дресот на Интер Мајами.

Во МЛС лигата сезонава по 22 кола Меси е на бројката од 16 погодоци и осум асистенции.

Фото: Inter Miamic CF/FB