Фановите одушевени: Разголената Дилета Леота ги „запали“ социјалните мрежи (ФОТО)

Италијанската спортска новинарка и ТВ водителка, Дилета Леота, повторно ги запали социјалните мрежи, откако објави серија фотографии на својот Инстаграм-профил, на кои позира во оскуден костим за капење.

Објавата предизвика вистинска еуфорија меѓу нејзините следбеници, кои не штедеа лајкови и коментари, воодушевени од нејзиниот изглед. Леота, која има над 9.2 милиони следбеници на социјалните мрежи, важи за една од највлијателните медиумски личности во Италија и пошироко. Таа е дипломиран правник, но својата кариера ја гради во медиумите. Првично се прослави како спортски водител на „Скај Спортс“, а подоцна стана едно од заштитните лица на платформата ДАЗН, каде редовно известува од натпреварите во Серија А.

Изминатава година е во брак со поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус, со кого има ќерка – Арија.

ФОТО: Instagram