Злато вреди: Кога ПСЖ победува во финале - Витиња е МВП!

ПСЖ ја освои Лигата на шампионите по изведување пенали откако по регуларниот дел дуелот заврши 1-1, а во продолженијата од 30 минути не беше постигнат гол, а по финалето УЕФА за најдобар на теренот го избра Витиња.

Иако, Дембеле постигна гол од пенал кој го изнуди Кварацхелија, сепак на крајот признанието му припадна на Португалецот кој одигра одличен меч и беше од огромно значење на средината на теренот.

Натпреварот Витиња го заврши со импресивна статистика од 141 точно додавање од вкупно 150 обиди. Витиња беше најдобар играч на теренот и во минатогодишното финале во кое ПСЖ тогаш го декласираше Интер со убедливи 5-0.