ПСЖ го спаси рекордот на италијанските клубови од 1990 година
Откако Кристал Палас ја освои Конференциската лига, а Астон Вила триумфираше во Лигата Европа, Арсенал можеше да ја комплетира „триплетата“ на Англичаните оваа сезона. Сепак, до такво нешто не дојде благодарение на ПСЖ кој на пенали го совлада Арсенал во денешното финале.
Така, со таков успех остануваат само Италијанците со својот подвиг од пред 36 години. Во 1990 година, Милан стана европски шампион, Јувентус славеше во тогашниот Куп на УЕФА (сегашна Лига Европа), а Сампдорија во тогашниот Куп на побдниците на куповите кој повеќе не постои.