
Бугариќ е тениски шампион на Македонија
Бугариќ прикажа сигурна игра и со тоа ја оправда фаворитската улога совладувајќи го ривалот со 2-0 во сетови (6-2 6-0). За двајцата тенисери ова беше прво финале на државното првенство.
На овој начин Бугариќ годинава стигна до двојна круна откако вчера во конкуренција на двојки со Елдин Хусеиновиќ ја освија титулата.
Шампионка кај жените е Александра Симева која беше подобра од Теона Андова.