Гарначо одбил да му стане соиграч на Роналдо, има само една желба!

Алехандро Гарначо е на излезна врата од Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим не смета веќе на него, клубот сака да го продаде, но Аргентинецот е пребирлив.

Понуда за Гарначо стигнала и од Ал Наср, тој можел повторно да игра со својот идол, Кристијано Роналдо, но неговиот план е поинаков.

Гарначо сака да остане во Англија, да продолжи да игра во Премиер лигата без разлика што тоа не би бил Манчестер Јунајтед.

Засега тоа е неговиот став иако не се исклучува можноста да заигра и за друг европски клуб.

Со тоа што го одби Ал Наср, покажува дека сака да игра фудбал на највисоко ниво, не го интересираат петро-доларите од Саудиска Арабија.