Алармот во Реал е вклучен: Алонсо добива комплетна слобода и уште засилувања!

Реал Мадрид не само што доживеа убедлив пораз од ПСЖ, туку и играта им изгледаше очајно, кралскиот клуб буквално беше понижен на теренот, а тоа не му се допадна на Флорентино Перез.

По тој меч следуваа серија на состаноци меѓу Флорентино Перез и Чаби Алонсо со цел да се најде начин тоа што се случи во САД да не се повтори.

Чаби Алонсо добил одврзани раце кого сака да може да седне на клупата за резерви. Нема привилигирани фудбалери.

Тренерот побарал повеќе засилувања, особено не е задоволен од централните бекови.

Карерас нема да биде последното засилување, во клубот ова лето ќе потпишат уште неколку играчи.

Флорентино Перез му дал слобода на Алонсо да се справува како сака со оние фудбалери кои нема да „гинат“ за дресот на Реал, кои нема да се залагаат на теренот.

По мечот со ПСЖ иако на заминување, Модриќ го кренал гласот во соблекувалната и ги обвинил Винисиус и Белингем дека не се залагале доволно на мечот.

Според „Марка“, Чаби Алонсо им порачал на фудбалерите дека секој кој нема комплетно да се инвестира во тимот, ќе има тежок период.

Останува да се види како ќе функционира Реал Мадрид во новата сезона, дали поразот од ПСЖ може да ги промени работите.