Сара Стефаноска со екстра трансфер во Романија!

Сара Стефановска која важи за една од најталентираните македонски ракометарки, ја продолжува својата интернационална кариера во Романија, во новата сезона ќе го носи дресот на Залау.

20-годишната Стефановска од српската Јагодина направи трансфер во романската лига која е една од најдобрите во Европа, Македонката стави потпис на договор со екипата која за наредната сезона има големи амбиции во романското првенство...

Пред две сезони, Стефановска од Македонија замина како најдобар стрелец и асистент во домашното првенство, но и покрај нејзиниот неспорен талент кој го потврдуваа и бројките, не беше редовна на списоците на македонските селектори.

Без голема репрезентативна промоција, Сара со напорна работа и голема мотивација успеа да се пробива во ракометниот свет. Со игрите во Јагодина беше една од најдобрите странски ракометарки во Србија.

Нејзините изданија брзо го привлекоа вниманието на клубови од други земји, на адреса на Стефановска стигнаа понуди од Франција, Словачка, Унгарија, Романија...

Залау беше најконкретен во преговорите, по што македонската ракометарка одлучи тоа да биде нејзината следна дестинација.