Ц. Звезда му нуди богатство на Тадиќ – плата во износ на целиот буџет на Вардар!

Црвена Звезда започна офанзива за враќање на Душан Тадиќ во српскиот фудбал, нудејќи му договор со финансиски услови што досега не се видени во оваа земја – годишна плата до три милиони евра сума која е, колку за илустрација, безмалку идентична на целиот буџет на Вардар за следната сезона (види ТУКА).

Клубот му испрати официјална понуда на поранешниот капитен на репрезентацијата, која би можела да му донесе заработка и до три милиони евра годишно – со сите бонуси вклучени. Спортскиот директор Митар Мркела потврди дека понудата е веќе доставена, при што шансите за договор со Тадиќ се оценети како повеќе од солидни (50-50). Црвено-белитему нуди на 35-годишниот офанзивец двегодишен договор, со опција за продолжување на уште една сезона. Основната годишна нето плата изнесува 2,5 милиони евра, а дополнителните бонуси се повеќе од привлечни: 200.000 евра за пласман во Лигата на шампионите, по 30.000 евра за секој освоен бод во тоа натпреварување, како и по 5.000 евра за секој гол или асистенција – како во Европа, така и во домашните натпревари. За освојување на титулата во Суперлигата на Србија, Тадиќ би добил 30.000 евра, а уште 10.000 евра ако Црвена Звезда триумфира во Купот.

Доколку Тадиќ потпише и ја заокружи сезоната со двојна круна и успешни европски настапи, вкупната годишна заработка би можела да ги надмине сите досегашни рекорди во српскиот фудбал, но и во регионот. Во пакетот е вклучена и можност за ангажман во управниот дел од клубот по завршување на неговата кариера.

ФОТО: X / @ChampionsLeague