
Керол не се откажува: Го напушти Бордо за да игра во шестата лига во Англија
Нов клуб на познатиот англиски голгетер е Дагенхем и Редбриџ или скратено Даг и Ред. Станува збор за клуб кој е дел од Националната лига југ во Англија.
Неодамна овој клуб доби сопственици од Катар, па веројатно и силна финансиска инјекција по што ќе се обидат да се искачат некој ранг погоре.
Керол иако е далеку од најдобрите денови, очигледно продолжува да го игра фудбалот од љубов. Изминатата сезона дури и истакна дека со платата која ја имал во Бордо кој поради финансиски проблеми заврши во четвртата лига едвај може да си ја покрие и киријата за станот, па сумата веројатно не е многу поразлична и во новиот предизвик.
Низ кариерата Керол го носеше дресот на: Њукалс, Престон, Ливерпул, Вест Хем, Рединг и Амиен.
Goodnight Daggers 🤩 pic.twitter.com/UtfFdIWE14
— Dagenham & Redbridge (@Dag_RedFC) July 12, 2025