
Билетите за финалето на Вимблдон на црно се продаваат по цена на нов џип Волво или Ауди!
Спортската борба, засега, е засенета од едно шокантно бројка - цената на билетите за мечот кои достигна цена и од дури 46.000 евра на црниот пазар. Сума еднаква на автомобил од премиум класа, за која може да стане сопственик на нов џип од марката Волво ХЦ 40 или Ауди Q3, која одредени љубителите на тенисот се подготвени да ја платат за да бидат дел од историјата.
Синер го игра своето прво Вимблдон финале и има шанса да стане првиот Италијанец што ја освоил титулата на овој гренслем. Од другата страна е Алкарас – актуелен шампион и феномен што веќе двапати триумфираше на „Ол Ингланд“. Двајцата досега се сретнале 11 пати, а Шпанецот води со 8-3. Последниот нивен дуел, во финалето на Ролан Гарос, беше тениско ремек-дело – Алкарас победи со неверојатен пресврт од 0-2 во сетови.
Организаторите алармираат за зголемен број нелегални препродажби, но тоа не ги спречува фановите да издвојат богатство за „златната карта“. Според британските медиуми, досега не се памети толкав ценовен скок за финале.
ФОТО: X / @Wimbledon