
Голема победа над Грција на младите македонски одбојкари!
Грција ги доби првите два сета со 25-16 и 25-21, се чинеше дека нашиот јужен сосед ќе го добие овој меч, но македонските одбојкари не се предадоа.
Клучен беше третиот сет кој по голема борба го добивме на разлика со 34-32.
Потоа психолошката предност беше на наша страна и комплетно го свртевме натпреварот. Четвртиот сет го добивме со убедливи 25-15 и израмнивме на 2-2.
Петтиот решавачки сет беше наш со 15-13 за голема победа од 3-2.
Македонија утре против Црна Гора ќе игра меч за петтото место на Балканското првенство во 19 години.