
Претседателот на Спортинг му се закани на Ѓокереш - со казна!
Ова го налути претседателот на Спортинг, Варандаш кој рече дека нема шанси да го продаде под сумата која смета дека треба да ја добие, а за играчот ќе има казни затоа што не тренира.
„Ако тие (Арсенал) не сакаат да платат фер пазарна цена за Виктор, ние сме комфорни со тоа за наредните три години“, вели претседателот на Спортинг Лисабон, Варандаш.
„Оваа стратегија ги прави покомплицирани работите за фудбалерот да замине. Никој не е над интересите на клубот. Кои и да се тие“.
„Ние сме мирни. Се ќе биде решено кога ќе заврши трансфер пазарот, ќе има голема казна и извинување до групата“.